strumica denes logo

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН: ГРАДЕЖЕН ШУТ БЛОКИРАЛ ТРОТОАР И УЛИЦА ВО СТРУМИЦА – СТОРИТЕЛОТ ЌЕ ПЛАТИ ГЛОБИ И ТРОШОЦИ!

Автор:

Датум:

јули 31, 2026

Автор:

Датум:

јули 31, 2026

Општинските инспекциски служби затекнале големо количество градежен отпад оставено на јавна површина на улицата „Кољо Орцев“ во Струмица, по што против сторителот биле поведени прекршочни постапки.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Вонредниот инспекциски надзор бил извршен на 30 јули 2026 година од страна на општински комунални инспектори и инспектор за улици и патишта, врз основа на наредба издадена од градоначалникот на Општина Струмица.

При контролата било утврдено дека отпадот потекнувал од реконструкција и преуредување станбена единица во колективен објект за домување. Градежниот шут бил оставен на тротоарот, со што било загрозено движењето на пешаците, а истовремено било попречено и безбедното одвивање на сообраќајот на улицата.

По утврдувањето на идентитетот на лицето кое го оставило отпадот, инспекторите побарале негово итно отстранување. Екипи на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, со помош на градежна машина, го подигнале, натовариле и го одложиле отпадот на локација предвидена за таа намена. Трошоците за интервенцијата ќе бидат на сметка на сторителот.

Инспекциските служби констатирале прекршување на општинската Одлука за комунален ред и на Законот за јавни патишта. Против сторителот биле поведени прекршочни постапки и биле издадени прекршочни платни налози за наплата на глоби.

Од Општина Струмица апелираат до граѓаните и правните субјекти навремено да го пријавуваат градежниот отпад во ЈПКД „Комуналец“ и да ги користат услугите на претпријатието за негово соодветно отстранување и депонирање. При планирањето градежни активности, сопствениците и изведувачите треба однапред да го предвидат и начинот на постапување со отпадот, во согласност со законските прописи.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: