Жител на струмичко село е приведен откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата каде што живее.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 јули 2026 година околу 22:00 часот во селото Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото.
Според информациите од МВР, полициските службеници го забележале лицето како во дворното место предизвикало пожар, кој се проширил кон улицата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица.
При проверката со дрегер било утврдено дека приведениот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















