Во доцните попладневни часови во југоисточниот дел од Македонија постои можност за локална појава на нестабилно време. Предупредувањето се однесува на подрачјата на Струмица, Валандово, Гевгелија и Дојран.
Според најавите, невремето може да биде проследено со електрични празнења, краткотрајни поројни врнежи, локална појава на град и ненадејни удари на ветер со брзина од 70 до 90 километри на час.
До граѓаните е упатен апел да бидат внимателни, да не се задржуваат под осамени дрвја и во близина на нестабилни објекти, како и редовно да ги следат информациите од надлежните институции.





















