Пожарникарите од Струмица предупредуваат на невреме проследено со олуен ветер, пороен дожд и грмежи.
Според објавените информации, невремето веќе ги зафатило Свети Николе и Пробиштип, а се движи кон Штип, Кочани, Радовиш и Струмица.
Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и навремено обезбедување на предметите на терасите и во дворовите.





















