Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека согласно Планот за спроведување на ларвицидна дезинсекција, во периодот од 27 до 28 јули 2026 година ќе се спроведе втората ларвицидна дезинсекција.
Во општина Струмица оваа дезинсекција ќе се изврши на ден 27.07.2026 година, а ќе започне во 9:00 часот.
Истиот ден ќе бидат опфатени општините Радовиш и Конче, а на 28.07.2026 година Василево, Ново Село и Босилово.
Третманите ќе ги спроведуваат стручни екипи со примена на одобрени ларвицидни препарати, согласно важечките стандарди и прописи.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, третманот ќе биде одложен и ќе се изврши во првиот нареден поволен ден.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе продолжи со спроведување на превентивните мерки за контрола на популацијата на комарци и заштита на здравјето на граѓаните.





















