Во Манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во Водоча продолжуваме со активностите за заштита и зачувување на ова значајно културно наследство.
Во моментот се врши ископ на дренажен канал, а во следната фаза ќе бидат заменети оштетените керамиди на покривот. Работите се реализираат стручно и внимателно, со цел да се обезбеди долгорочна заштита на манастирскиот комплекс.
























