Активностите за довршување на Стариот струмички театар се одвиваат со одлична динамика. Во моментов се работи на инсталациите и поставувањето цевки за системите за греење и ладење.
За реализација на проектот се обезбедени 196.178.935 денари. Со завршувањето на предвидените градежни и инсталациски работи, објектот ќе биде целосно финализиран и ставен во функција.
Стариот струмички театар треба да прерасне во значајна културна институција и нов простор за културни настани во Струмица и регионот.





























