Екипите на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица секојдневно продолжуваат со активностите за одржување на чистотата на централното градско корзо, кое претставува едно од најпосетуваните места во градот.
Од претпријатието информираат дека чистењето на оваа јавна површина е дел од редовните активности, со цел граѓаните секојдневно да имаат чист и уреден простор за прошетка, одмор и дружење.
Покрај грижата за градското корзо, екипите на „Комуналец“ континуирано работат и на одржување на останатите јавни површини низ Струмица, со што придонесуваат за почиста и поуредена урбана средина.
Од претпријатието упатија благодарност до вработените кои секојдневно се ангажирани на терен и се грижат за хигиената и уредувањето на градот.






















