strumica denes logo

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ ВО СТРУМИЦА ВО ЧЕСТ НА ЏОКО ЃОРГИЕВ И 64-ТЕ АНГЕЛИ!

Автор:

Датум:

јули 7, 2026

Автор:

Датум:

јули 7, 2026

Во Градскиот парк во Струмица денеска (6 јули) официјално започна изградбата на спомен-обележје посветено на Џоко Ѓоргиев и 64-те ангели, како траен симбол на сеќавањето, почитта и незаборавот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите, спомен-обележјето ќе биде изградено од струмичката компанија „Конструктива“, а неговата цел е да претставува место каде што граѓаните ќе можат да им оддадат почит и да го зачуваат споменот на оние кои засекогаш останаа во колективната меморија.

Со почетокот на реализацијата на овој проект, Струмица добива меморијален простор кој ќе сведочи за вечната почит кон Џоко Ѓоргиев и 64-те ангели, со порака дека нивното дело и спомен никогаш нема да бидат заборавени.