Друштво за економско правен консалтинг ПОРТКОНЕКТ-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица вработува:
Административен работник / Асистент во сметководство
Сметководствено друштво има потреба од одговорна и организирана личност за работно место Административен работник / Асистент во сметководство.
Работни задачи:
– Работа со платен промет и електронско банкарство;
– Прием, евидентирање и архивирање на деловна документација;
– Подготовка и обработка на административна документација;
Комуникација со клиенти, банки и институции;
– Подготовка и комплетирање документација за сметководствени потреби;
– Внес и ажурирање на податоци во деловни евиденции и софтвери;
– Административна поддршка на сметководствениот тим;
– Извршување на други работни задачи согласно потребите на работниот процес.
Потребни квалификации:
Минимум средно образование;
Познавање на MS Office пакет;
Одговорност, организираност и прецизност;
Комуникациски и тимски вештини;
Работно искуство ќе се смета за предност.
Нудиме:
Редовен работен однос;
Пријатна и професионална работна средина;
Можност за обука и професионален развој.
Заинтересираните кандидати можат да достават CV на portkonsalting@gmail.com.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.




















