strumica denes logo

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СТРУМИЦА, УТРЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ВМРО-ДПМНЕ!

Автор:

Датум:

јуни 16, 2026

Автор:

Датум:

јуни 16, 2026

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ги започна подготовките за одбележување на годишнината од основањето на партијата, а централниот настан ќе се одржи на Градскиот стадион „Младост“ во Струмица на 17 јуни (среда) со почеток во 19 часот, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Методија Пасков.

Ова беше соопштено на состанокот на Општинскиот комитет, на кој во голем број присуствувале членови и симпатизери на партијата. Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Методија Пасков, им се заблагодарил на присутните за поддршката, енергијата и посветеноста, истакнувајќи дека токму единството и заедништвото претставуваат силна основа за идното делување на организацијата.

Пасков упати благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и поддршка, оценувајќи дека неговото лидерство претставува дополнителен мотив за работа во интерес на граѓаните и државата.

Во своето обраќање, тој изрази благодарност и до Жан Дрвошанов за неговиот досегашен придонес и ангажман во партиската организација, нагласувајќи дека претстои период на реформи, реорганизација и дополнително зацврстување на партиските структури.

Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица упатија повик до членството и симпатизерите за масовно присуство на настанот на Градскиот стадион „Младост“, каде ќе биде одбележана годишнината од формирањето на партијата.

„Обединети и посветени – продолжуваме силно напред“, беше пораката испратена од состанокот на струмичкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.