Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко. Тој управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници. Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Матурант од Струмичко со „Мерцедес“ бегал од полицајци — го стигнале во Богданци, таму сакал да ги тепа!




















