strumica denes logo

Струмичанка ги натепала снаата и малолетниот внук – полицијата ја уапсила!

Автор:

Датум:

јуни 12, 2026

Автор:

Датум:

јуни 12, 2026

Ноќеска во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 59-годишна жителка на струмичко село, информираат од МВР.

Според пријавеното, таа претходно вечерта околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук.

„Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР.