strumica denes logo

СТРУМИЦА ГО ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛСКОТО ЛЕТО: Дводневна „Сфест“ Pop-Up програма во Градскиот парк!

Автор:

Датум:

јуни 11, 2026

Автор:

Датум:

јуни 11, 2026

Струмичани, подгответе се за вистинско летно будење! Оваа соработка на фестивалот „Сфест“ официјално ја отвора својата летна сезона со првиот од серијата најавени Pop-Up настани. Ова е само загревање за она што следува – богато фестивалско лето кое ќе кулминира со главниот фестивал од 24 до 26 јули.

Првата станица е Домот на АРМ во Градскиот парк, каде што на 13 и 14 јуни (сабота и недела), со почеток од 12:00 часот, ве очекува интензивна дводневна дружба на отворено, исполнета со многу музика, забава, филмови и активности за сите генерации. Покрај главната сцена, двата дена паралелно ќе бидат отворени и Базар зоната, Детската зона, како и катчето за Храна & Пијалоци.

📅 КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА
Сабота, 13 јуни
12:00 | Mommy&Me Пилатес со Велина Реформер – совршен старт на денот за мајките и нивните дечиња.

12:00 | STFN (DJ set).

14:00 | dj mili (DJ set).

18:00 | Анастасија & Никола (Live band) – акустично уживање во предвечерието.

20:00 | IVY (DJ set).

21:00 | Mana (DJ set) – загревање за ноќта во паркот.

Недела, 14 јуни
12:00 | STFN (DJ set) – почеток на неделното лежерно попладне.

15:00 | Kiskin (DJ set).

17:00 | Marko Simovski (DJ set).

19:30 | „Madagascar“ – Филм за деца и филмска магија за најмалите под отворено небо.

20:30 | „Утре Наутро“ на Јани Бојаџи – Специјална филмска проекција за затворање на викендот.

„Овој дводневен Pop-Up настан е само почеток на фестивалското лето во Струмица. Сакаме да го разбудиме градот, да понудиме квалитетна содржина за сите генерации и да направиме увертира за она што следува во јули. Струмичани може да очекуваат уште неколку вакви изненадувања пред главниот настан на 24-26 јули“, велат од организацијата на „Сфест“.

Земете го доброто расположение, понесете ги пријателите, децата и семејството и бидете дел од стартот на највозбудливото лето во Струмица.