Митко Андонов од Иловица е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Босилово.
Андонов и досега беше на чело на општинскиот комитет, а во изминатиот период имаше значајна улога и во локалната самоуправа, каде ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Босилово.
По последните локални избори, тој беше избран и за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде го претставува регионот во законодавниот дом.
Со реизборот, ВМРО-ДПМНЕ му ја продолжи довербата за раководење со партиската структура во Босилово во наредниот период.





















