strumica denes logo

Д-р Петар Марков доби повторна доверба да го води ОК ВМРО-ДПМНЕ Ново Село во наредните четири години!

Автор:

Датум:

јуни 10, 2026

Автор:

Датум:

јуни 10, 2026

На вечерашната седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на претседателот на партијата проф. Д-р Христијан Мицкоски, беше изгласан нов мандат на досегашниот претседател и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Петар Марков.

Изборот за претседател се вршеше во неколку фази каде можност за апликација имаа сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, потоа следеа партиските интервјуа на кандидатите како и анкетната консултација на членството.

Д-р Марков својот формален политички ангажман го започнал при навршување на полнолетство како дел од локалната комисија за здравство, 6 години беше претседател на подмладокот во истата општина а потоа беше назначен за претседател на Централната комисија за здравство на УМС. Во 2020 стана претседател на ОК Ново Село по што беа постигнати најдобрите изборни резултати.

Под негово водство во 2021 година од позиција на опозиција беше остварена победа на локалните избори во двата изборни кругови за 3 години подоцна на заедничките парламентарни и претседателски избори ОК Ново Село да го забележи историски најдобриот изборен резултат во двете изборни трки. Во 2025 година за прв пат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ доби последователен мандат за градоначалник и апсолутно мнозинство во Советот на општината.

Во моментот Марков ја врши функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија и волонтерски работи на својата основна професија како абдоминален хирург во ОБ Струмица.