strumica denes logo

Методија Пасков избран за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

Автор:

Датум:

јуни 10, 2026

Автор:

Датум:

јуни 10, 2026

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Методија Пасков е избран за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Одлуката е донесена по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, а како што информираат од партијата, таа претставува признание за долгогодишната активност, посветеност и ангажман на Пасков во партиските структури, како и доверба во неговите професионални и организациски капацитети.

Методија Пасков е дипломиран информатичар со професионално искуство стекнато и во јавниот и во приватниот сектор. Во моментов ја извршува функцијата шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Струмица, каде активно учествува во координацијата на локалната самоуправа, институциите и спроведувањето на јавните политики.

Во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, Пасков е долгогодишен активен член кој поминал низ повеќе партиски структури – од младинските активности, преку месните комитети, до општинската организација. Според партијата, неговото искуство и добро познавање на состојбите на терен претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на работата на Општинскиот комитет.

Пасков е оженет и татко на две деца.

Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица истакнуваат дека организацијата останува посветена на принципите на одговорност, единство и работа во интерес на граѓаните, со цел натамошно јакнење на партиската организација и создавање подобри услови за развој на Општина Струмица и државата.