strumica denes logo

МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ СО СООПШТЕНИЕ: Поднесов оставка до претседателот на СДСМ – Одлуката ја носам со мирна совест и чисто срце!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2026

Автор:

Датум:

јуни 8, 2026

Марјан Даскаловски преку соопштение до јавноста информираше дека поднел оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со што се повлекува од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица.

Како што наведува во своето обраќање, одлуката ја донел од лични причини и, како што истакнува, со мирна совест и чисто срце.

Даскаловски посочува дека изминатиот период бил исполнет со многу работа, заеднички успеси и предизвици, со кои организацијата се справувала одговорно и посветено, секогаш имајќи го предвид интересот на граѓаните и развојот на Струмица.

Во соопштението тој упатува искрена благодарност до членовите, симпатизерите, активистите и своите најблиски соработници за поддршката, довербата и заедничката работа во изминатиот период.

„Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град“, наведува Даскаловски.

Тој му посакува успех на идниот претседател и на новото раководство на Општинската организација на СДСМ Струмица, изразувајќи надеж дека со нова енергија и мудрост ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните.

Даскаловски истакнува дека и понатаму останува поддржувач и пријател на организацијата, подготвен да помогне со своето искуство и знаење секогаш кога тоа ќе биде потребно.