strumica denes logo

ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ПО ПАТЕКИТЕ НА МИС СТОН“ УСПЕШНО ОДРЖАН СО ПОДДРШКА НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

јуни 2, 2026

Автор:

Датум:

јуни 2, 2026

Во неделата, на 31 мај 2026 година, успешно се одржа традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“, во организација на ЗПСК „Маратон“ и со поддршка на Општина Василево.

Голем број љубители на планинарењето и природата учествуваа на маршот, пешачејќи по живописната маршрута Брана Турија – Јурукова Колиба – Павлова Ливада – Железен Дол. Учесниците имаа можност да уживаат во природните убавини на регионот, дружењето и спортскиот дух што традиционално го одбележуваат овој настан.

Во рамки на манифестацијата беа доделени благодарници на учесниците, а организаторот обезбеди и заеднички ручек за сите присутни.

Од Општина Василево истакнаа дека и понатаму ќе продолжат да го поддржуваат овој традиционален настан, кој од година во година привлекува сѐ поголем број планинари и рекреативци. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на активности што ги промовираат здравите животни навики, рекреацијата и природните богатства на општината и регионот.