strumica denes logo

СТРУМИЧКИОТ ЗАТВОР ЈА ПОДИГНА БЕЗБЕДНОСТА НА НАЈВИСОКО НИВО – НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПРЕМА, ТЕХНОЛОГИЈА И ИНФРАСТРУКТУРА!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Казнено-поправната установа Затвор-Струмица продолжува со унапредување на безбедносните стандарди преку низа инвестиции насочени кон зајакнување на надворешната безбедност и подобрување на условите за работа на вработените.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Директорот на установата, Зоран Ристов, информираше дека со сериозен и стратешки пристап се реализираат активности кои придонесуваат за поголема сигурност и поефикасно функционирање на затворот.

Во рамки на овие активности, обезбедени се нови униформи за затворската полиција, со што се подобруваат условите за работа на службениците. Паралелно, инсталиран е современ систем за видео-надзор кој овозможува целосен и непрекинат мониторинг на објектот во текот на 24 часа.

Дополнително, надворешната безбедност е зајакната со подигнување на бетонски ѕид кој е дополнително обезбеден со безбедносен лимен плех, а поставени се и висококвалитетни рефлектори кои обезбедуваат максимална видливост на целиот периметар на установата.
Според Ристов, инвестициите во луѓето, технологијата и инфраструктурата се клучни за создавање современа и сигурна институција, која ќе одговори на сите безбедносни предизвици.

„Сигурна институција значи безбедна заедница“, порачува директорот, нагласувајќи дека заложбите за унапредување на безбедноста во КПУ Затвор Струмица ќе продолжат и во иднина.