strumica denes logo

Д-Р ПЕТАР МАРКОВ: Компјутеризираниот томограв е потребен на пациентите, а завршувањето на новото крило на ОБ Струмица е најголемата капитална инвестиција во регионот!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

На вчерашната седница за пратенички прашања пратеникот од струмичкиот регион д-р Петар Марков упати пратеничко прашање до министерот за здравство Азир Алиу за напредокот на инфраструктурните инвестиции во здравството.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во неговото обраќање во собранието нагласи дека компјутеризираниот томограф во Општа болница Струмица е апарат кој е од исклучителна важност за пациентите и за медицинскиот персонал кои плаќаат големи суми за добивање на оваа дијагностичка процедура.

За напредокот на отварањето на новото болничко крило во Струмица нагласи дека со завршувањето на техничкиот прием на објектот ќе биде еден од најголемите капитални инвестиции во струмичкиот регион и нешто што владите од последните 30 години не успејаа да го завршат.

Марков истакна дека реализацијата на оваа инвестиција е од исклучителна важност во работата за сите вработени во ОБ Струмица но и за сите 85.000 осигуреници од регионот и уште толку кои гравитираат од другите општини.

Министерот Азир Алиу одговори дека Болницата во Струмица е дел од поширокиот план за посилни регионални здравствени капацитети:

„Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица.

Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски обврски, но дека преку подобро управување веќе се постигнати конкретни резултати.

„Болницата во Струмица ја наследивме со над 100 милиони денари долгови. Денес, со добро менаџирање на таа институција, долгот веќе се намалува за 20 милиони денари. Продолжуваме да ја реорганизираме буџетската линија и функционалностите во таа болница“.

Тој рече дека струмичката болница е дел од поширокиот процес на зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење. Притоа, нагласувајќи дека Министерството за здравство работи врз основа на функционални анализи за секој регион, според демографијата, потребите на пациентите, расположливите здравствени услуги и човечките капацитети.

На истата седница пратеникот Марков упати уште две пратенички прашања до Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кои се однесуваа на Планот за напредок на Република Македонија и за мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните во контекст на актуелната криза.