strumica denes logo

ОСУДЕНИ ЛИЦА, КОМУНАЛЕЦ И ГРАЃАНИ ЗАЕДНО ВО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЦРЕШИЈАДАТА!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Подготовките за првата „Црешијада“, која ќе се одржи на 31 мај во Вељуса, влегуваат во завршна фаза, а во изминатите денови повеќе институции и граѓани активно се вклучија во уредувањето и разубавувањето на просторот каде што ќе се одржи манифестацијата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, затворениците од КПД „Затвор“ Струмица дадоа свој придонес во подготовките за настанот. Нивното вклучување е дел од соработката меѓу установата и Општина Струмица, која е регулирана со потпишан Меморандум за соработка за учество на затворениците во општествено корисни активности.

Паралелно со тоа, денеска во Вељуса, Месната заедница и екипите на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица работеа на расчистување и уредување на вегетацијата. Иако тревните површини редовно се одржуваат, честите врнежи од дожд придонесоа за забрзан раст на вегетацијата, поради што беа преземени дополнителни активности за средување на просторот.

Организаторите истакнуваат дека подготовките се одвиваат според планираното и дека се гради една нова и убава приказна за Вељуса, која преку „Црешијадата“ има потенцијал да прерасне во традиционална манифестација.

Според најавите, интересот за првото издание на „Црешијадата“ е голем, а се очекува настанот да привлече неколку илјади посетители од различни делови на Македонија. Со бројните активности што се реализираат во пресрет на манифестацијата, Струмица и Вељуса се подготвуваат да бидат домаќини на еден несекојдневен настан посветен на црешата, локалната традиција и заедништвото.