По повод празникот „Света Троица“ во Дабиље, жителите и посетителите ги очекува викенд исполнет со музика, дружење и традиција. Организаторот Ѓорги Атанасов најавува богата програма која ќе донесе одлична атмосфера и незаборавни моменти за сите генерации.
Во сабота, 30 мај, од 19:00 до 01:00 часот, за добрата забава ќе се погрижи популарниот „Ѕвезди Бенд“, кој ќе настапи со својот препознатлив музички репертоар и ќе создаде вечер исполнета со позитивна енергија.
Празничната програма продолжува и во недела, 31 мај, од 09:00 часот, кога ќе се одржи традиционалната штрапаријада, настан кој секоја година привлекува голем број љубители на традицијата и народните обичаи.
Настаните ќе се одржат на игралиштето во Дабиље (Црнелка), а организаторите упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од ова големо празнично чествување по повод „Света Троица“, во духот на заедништвото, традицијата и добрата забава.






















