Стоматолошката ординација DuoDent од Струмица објавува оглас за вработување на административен координатор / Office Manager, позиција наменета за организирана, комуникативна и одговорна личност која знае професионално да работи со пациенти и во динамична работна средина.
Идеалниот кандидат треба да има завршено средно образование, при што предност ќе имаат лица со медицинско образование, одлично познавање на англиски јазик, солидно познавање на работа со компјутер, како и развиени комуникациски и организациски вештини. Искуство во администрација или работа со пациенти ќе се смета за дополнителна предност.
Од DuoDent бараат личност која ќе внесе професионалност, љубезност и одговорност во секојдневното работење, со способност за координација и ефикасна организација на работните обврски.
Сите заинтересирани кандидати од Струмица и околината можат да го испратат своето CV на info@duodent.mk или да се јават за повеќе информации на 070/331-388.






















