Поради проширување на возниот парк и зголемен обем на работа, струмичката компанија „ПАТРИК ЛОГИСТИК“ објавува оглас за вработување на возач со C+E категорија (шлепер) за релација Македонија – Романија.
Компанијата е во потрага по одговорно, професионално и посветено лице кое ќе стане дел од нивниот тим, со можност за стабилно вработување во динамична работна средина.
Како основен услов се бара валидна возачка дозвола од C+E категорија, додека претходното работно искуство ќе се смета за предност.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат повеќе информации, можат да се јават на телефонскиот број: 071 239 744.






















