strumica denes logo

ЗАБЕЛЕЖАНИ ТРАГИ ОД МЕЧКА КАЈ ВЕЉУСА: Засилени контроли на терен за безбедност на граѓаните!

Автор:

Датум:

мај 19, 2026

Автор:

Датум:

мај 19, 2026

Во атарот на струмичкото село Вељуса, поточно на местото викано Турски Скрки, се забележани траги од движење на мечка, информираат надлежните.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Поради близината на населеното место и со цел да се обезбеди сигурноста на граѓаните, како и да се спречи евентуален незаконски лов на овој заштитен дивеч, од денеска започнуваат засилени теренски контроли.

Во активностите ќе бидат вклучени тимови од ловното здружение, заедно со ловочуварската служба, кои ќе ја следат состојбата на терен и ќе преземаат соодветни мерки во согласност со надлежностите.

Одговорните апелираат до граѓаните на внимателност при движење во овој предел, како и навремено да ги известат надлежните служби доколку забележат присуство на дивото животно.