strumica denes logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА: СЕ СООЧУВАME СО НЕДОСТАТОК НА ВОЗАЧИ – МОЖНИ ОТСТАПУВАЊА ВО ДЕЛ ОД РЕДОВНИТЕ АКТИВНОСТИ!

Автор:

Датум:

мај 18, 2026

Автор:

Датум:

мај 18, 2026

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица ги информираше граѓаните дека во моментов се соочува со недостаток на возачи на специјални комунални возила, ситуација која во одредени периоди може да влијае врз динамиката на извршување на дел од редовните активности.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од претпријатието посочуваат дека, и покрај предизвикот, нивните екипи продолжуваат да работат со постојниот капацитет и максимална посветеност, со цел услугите за граѓаните да се одвиваат што е можно понепречено.

Воедно, од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до сограѓаните за разбирање и трпение во овој период, нагласувајќи дека веќе се преземаат активности за надминување на состојбата и стабилизирање на редовното функционирање.