strumica denes logo

УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ОД СТРУМИЦА: СО МАЛОЛЕТНИЦИ ОГРАБИЛЕ ЖЕНА, ПРИЗНАЛЕ И ДРУГА КРАЖБА!

Автор:

Датум:

мај 16, 2026

Автор:

Датум:

мај 16, 2026

Полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.М.(18) од Струмица. На 14.05.2026 година околу 22.15 часот во Струмица Г.М. заедно со уште три малолетни лица, од кои две од Струмица и едно од Скопје, насилно и одзеле ташна на Б.С. од Струмица во која имало пари, лични документи и мобилен телефон, по што побегнале од местото на настанот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во Полициската станица Струмица се повикани трите малолетни лица и во службен разговор сите четворица го признале делото. Исто така Г.М. и едно од малолетниците од Струмица во службениот разговор признале дека на дрзок начин ја извршиле тешката кражба на штета на В.И. од село Добрејци, струмичко, пријавена на 22.02.2026 година. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.