Владата донесе одлука со која струмичанецот Кирил Гоџиров е избран за нов Државен правобранител надлежен за подрачјата на Струмица и Радовиш.
Тој е правник со завршено образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со положени правосуден и нотарски испит и активна адвокатска лиценца од 2014 година. Зад себе има искуство како правник во приватниот сектор, како и ангажман во адвокатурата, каде бил дел и од структурите на Адвокатската комора.
Покрај тоа, Гоџиров има и магистерски студии по применета политика и дипломатија, како и бројни обуки и сертификати поврзани со правото, човековите права и етичките стандарди.























