strumica denes logo

Од утре и понеделник следува преодна стабилизација на времето

Автор:

Датум:

април 11, 2026

Автор:

Датум:

април 11, 2026

Од утре и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Утре ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава. Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h.