strumica denes logo

Македонскиот воен експерт дава одговор на прашањето дали Македонија може да биде мета на Иран!

Автор:

Датум:

март 5, 2026

Автор:

Датум:

март 5, 2026

Она што започна како воена операција на САД и Израел против иранскиот режим, брзо прерасна во една од најсериозните геополитички кризи во последните децении. Новите анализи на израелските официјални лица укажуваат на тоа дека ракетниот арсенал на Техеран има значително поголем дострел од претходните проценки, со капацитет да досегне длабоко во територијата на Европа.

Израелското МНР денеска објави дека иранските ракети со среден и долг дострел, како Шахаб-3 имаат дострел до 2.000 километри. Според Картата објавена од Центарот за стратешки студии покажува дека во зоната на потенцијална закана се наоѓаат Атина, Софија и Букурешт, како и целиот Западен Балкан. Сепак, воените аналитичари смируваат дека овие податоци се главно теоретски. Тие нагласуваат дека реалната оперативна способност на Иран зависи од прецизноста на наведувањето, силната воздушна одбрана на НАТО и тактичките услови на теренот.

Тензиите се зголемија откако НАТО неутрализираше иранска балистичка ракета насочена кон турскиот воздушен простор. Попладнево официјална Анкара го повика иранскиот амбасадор на разговори поради ракета и упати протестна нота кон Иран. Според последните информации, Турција тврди дека не била цел на иранската ракета соборена од системите на НАТО над источниот Медитеран, наведувајќи дека ракетата веројатно била насочена кон грчкиот дел од Кипар. Грците пак денеска испратија и воени бродови за дополнителна заштита на Кипар.

Но домашните екперти смируваат дека за Македонија безбедносна закана не постои.