strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТАР ЈАНКОВ СЕ СРЕТНА СО СПОРТСКАТА ЛЕГЕНДА ВЛАДО ИЛИЕВСКИ: ПОДДРШКА ЗА НЕГОВАТА НОВА УЛОГА ВО КФМ!

Автор:

Датум:

март 4, 2026

Автор:

Датум:

март 4, 2026

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денес оствари средба со легендата на македонската кошарка и струмичка спортска гордост Владо Илиевски, при што му упати честитки и желби за успех на неговата нова позиција во Кошаркарската федерација на Македонија.

Како што информираа од Општина Струмица, Илиевски е назначен за координатор на сите национални репрезентативни селекции, а на средбата биле отворени и теми поврзани со идните насоки за унапредување на спортот во Струмица.

На состанокот присуствувал и советникот за спорт Ристо Ристов, при што на Илиевски му била презентирана стратегијата за развој на спортот во Струмица за следните години. Во разговорот, соговорниците се согласиле дека клучен приоритет треба да биде подобрувањето на спортската инфраструктура како основа за долгорочен напредок во сите спортови.

Од Општината потенцираат дека за поставување здрави основи во спортот, значајна улога треба да имаат и успешните струмички спортисти, кои со своето искуство и авторитет, во партнерство со локалната самоуправа, можат да придонесат за враќање на спортскиот примат на Струмица и зајакнување на позицијата на градот како еден од водечките спортски центри во Македонија.