strumica denes logo

СТРУМИЦА ЗАПОЧНА ДОЛГОРОЧЕН ПРОЕКТ ЗА ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ПОЈАСИТЕ ОКОЛУ ГРАДОТ!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2026

Автор:

Датум:

февруари 28, 2026

Општина Струмица започна долгорочен проект за озеленување на сите појаси околу градот, со цел создавање „зелено наследство“ за идните генерации и унапредување на квалитетот на животната средина.

Градоначалникот Петар Јанков информира дека со стартот на проектот се презема сериозна и стратешка мерка за заштита од ерозија на критичните точки, како и оплеменување на површини кои со години биле запоставени. Според него, со ваквите активности директно се инвестира во почист воздух, поздрава животна средина и поубав лик на градот.

Од општината посочуваат дека ваквите акции претставуваат вложување во иднината на Струмица, а Јанков упати благодарност до сите кои учествувале во денешната акција и дале придонес во реализацијата на проектот.