strumica denes logo

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛОВЕЧКО ДРУШТВО ОД СТРУМИЦА – УКРАЛ ОКОЛУ 22 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Автор:

Датум:

јануари 30, 2026

Автор:

Датум:

јануари 30, 2026

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ. Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие. Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:
  • Banner