Во село Сушица, годинашното одбележување на Богојавление – Водици помина во уникатна атмосфера, со двајца среќни наоѓачи на Светиот крст.
Во водите најпрво бил фрлен железен крст, но и покрај обидите, тој не бил пронајден. Поради тоа, потоа во водата бил пуштен дрвен крст, кој бил успешно изваден од Столе Шајкаров.
Потрагата по железниот крст, сепак, не завршила тука. По речиси два часа пребарување, Стојан Стојменов успеал да го пронајде железниот крст, на неколку сантиметри под земјата, што предизвика дополнителни реакции и интерес кај присутните.
Настанот, како и секоја година, беше проследен со присуство на мештани и верници, кои го одбележаа празникот со желби за здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.
























