strumica denes logo

MUAY THAI КАМП СО СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО СТРУМИЦА ВО ТИМ ЗОРАН!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Тим Зоран најавува организација на седумдневен интензивен Muay Thai камп, кој ќе понуди врвно спортско искуство и професионален тренинг за сите љубители на овој боречки спорт.

Специјален гостин на кампот ќе биде Simeng Jiao, шампион во Muay Thai и лиценциран инструктор со богато меѓународно искуство. Учесниците ќе имаат можност да тренираат под водство на докажан професионалец и да се запознаат со најсовремени техники и методи на подготовка.

Програмата на кампот опфаќа работа на техника, спаринг, кондициона подготовка и споделување практично професионално искуство од врвно ниво. Кампот е наменет за спортисти кои сакаат да го подигнат своето знаење и форма на повисоко ниво, но и за сите кои сериозно пристапуваат кон Muay Thai тренингот.

  • Banner