Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Денес врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта.. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд


ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:




















