Претставници на здружението MCP денес го посетија здружението „Вера“ од Струмица, по повод новогодишните празници, со цел да упатат празнични честитки и да изразат поддршка за нивната работа.
Двете здруженија се запознаа на фестивалот СФЕСТ, организиран од MCP, каде што здружението „Вера“ беше дел од базарот и се претстави пред посетителите со свои активности и производи.
Од MCP посочуваат дека ваквите средби се важни за јакнење на локалната солидарност и за градење трајна соработка меѓу здруженијата во Струмица и регионот и ќе продолжи со активности насочени кон поддршка на локални иницијативи и здруженија.
Мјузик Конектс Пипл СР Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници!!



























