strumica denes logo

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИВА 120 НОВИ ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА!

Автор:

Датум:

декември 26, 2025

Автор:

Датум:

декември 26, 2025

Македонската полиција станува поефикасна, модерна и мобилна, значително унапредувајќи ја способноста за брза и навремена реакција на безбедносните предизвици.

Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска беа промовирани 120 нови патнички возила за униформираната полиција.

Возилата се опремени со современи комуникациски системи, а за првпат во историјата на македонската полиција се интегрирани мобилни уреди кои овозможуваат далечински пристап до сите полициски апликации и системи, обезбедувајќи брзо, функционално и напредно работење директно од терен.

Продолжуваме со системско и континуирано инвестирање во техничките средства и зајакнување на капацитетите и условите за работа на полициските службеници.

Со новите возила ќе се овозможи дополнително зголемено присуство и мобилност на полицијата низ целата држава, при што секој регионален сектор за внатрешни работи ќе добие околу десетина нови возила.