Под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ООУ „Кирил и Методиј“ од Дабиле организира Свечена академија по повод одбележување на три значајни јубилеи од образовната традиција на училиштето и македонскиот јазик:
✅ 160 години училиште на македонски народен јазик
✅ 80 години образование на македонски литературен јазик
✅ 65 години осмолетка
Свечената академија ќе се одржи на 07 декември 2025 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Настанот има за цел да ја истакне континуираната посветеност на наставниците, учениците и локалната заедница кон образованието на македонски јазик, како и да се потсети на историското значење на училиштето во Дабиле како еден од стожерите на просветно–културниот развој во регионот.
Преку пригодна програма, потготвена од учениците и наставниците, ќе бидат претставени историски моменти, рецитали, музички и драмски изведби кои го одразуваат патот на училиштето и развојот на македонскиот јазик во образованието. Организаторите упатуваат покана до сите поранешни и сегашни ученици, родители и жители на општина Струмица да присуствуваат и заедно да го споделат јубилејниот празник.
























