strumica denes logo

„ЕЛЕУСА ФОНДАЦИЈА“ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СИТЕ – ХУМАНОСТА ПОБЕДИ УШТЕ ЕДНАШ, ДОНИРАНИ 3.000 ЕВРА, СРЕДСТВА СОБРАНИ ОД КОНЦЕРТОТ НА ДОБРИНАТА ЗА НИНА!

Автор:

Датум:

декември 3, 2025

Автор:

Датум:

декември 3, 2025

Фондацијата „Елеуса“ денеска сподели убава вест, средствата за лекувањето на малата Нина се целосно донирани минатата недела. Веста пристигнала со емотивна порака од семејството на Нина: „Сакаме од срце да ви се заблагодариме!“ – благодарност која не е упатена само до фондацијата, туку кон сите хумани граѓани кои донираа и присуствуваа на „Концертот на добрината“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во рамките на хуманитарната акција, беа собрани 3.000 евра, кои веќе се уплатени на семејството. Фондацијата соопшти дека успехот на акцијата уште еднаш ја покажал големината и солидарноста на заедницата.

„Концертот на добрината за Нина ја покажа вашата човечност и добрина,“ велат од „Елеуса“, изразувајќи искрена благодарност за секоја донација и секој гест на поддршка.

Фондацијата „Елеуса“ и донаторите уште еднаш покажаа дека добрината навистина обединува, а малата Нина денес има повеќе надеж благодарение на заедничкото срце на хуманоста.

  • Banner