strumica denes logo

ПОСЛЕ ДОЛГИ ГОДИНИ: МУЗЕЈ–СТРУМИЦА И ОПШТИНА СТРУМИЦА ПОВТОРНО ЗАЕДНО ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО!

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица и Општина Струмица денеска потпишаа Меморандум за соработка со градоначалникот на општина Струмица, г-дин Петар Јанков.

Со овој документ, по подолг временски период повторно се воспоставува институционално партнерство насочено кон зајакнување на системот за заштита, промоција и валоризација на културното наследство на Струмица и регионот.

Меморандумот предвидува продлабочување на соработката во областа на истражувањето, конзервацијата и презентацијата на движното и недвижното културно наследство, заедничко реализирање на проекти, изложби и едукативни програми, како и интензивирање на активностите за вклучување на локалната заедница, особено младите, во процесите на зачувување на културното богатство.

Со тоа се создаваат услови за поорганизирана, долгорочна и одржлива грижа за културното наследство како еден од клучните ресурси за развој на општината и регионот.

  • Banner