Карате клуб „Шихан“ од Струмица забележа триумфален настап на меѓународниот карате турнир „Ippon Open 2025“, кој се одржа на 23 ноември 2025 година во Лесковац. Струмичкиот клуб доминираше на татамито и се враќа дома со вкупно 42 освоени одличја.
Натпреварувачите на „Шихан“ успеаја да освојат 23 златни, 15 сребрени и 4 бронзени медали, со што уште еднаш го потврдија континуитетот на одлични резултати на меѓународната сцена.
Покрај индивидуалните успеси, карате клуб „Шихан“ беше прогласен и за еден од најдобрите клубови на турнирот, што претставува дополнителна потврда за квалитетната работа, дисциплината и посветеноста во клубот. Струмичките каратисти се истакнаа со одлична техника, спортски дух и борбеност во сите категории во кои настапија.
Од клубот упатија благодарност до тренерите, родителите и сите поддржувачи кои континуирано стојат зад успехот на младите спортисти, најавувајќи дека со иста енергија и посветеност ќе продолжат да освојуваат нови медали и признанија на наредните натпревари.


























