strumica denes logo

Ученици од „Сандо Масев“ во посета на Општина Струмица!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Автор:

Датум:

ноември 20, 2025

Ученици од четврто одделение од Основното општинско училиште „Сандо Масев“ – Струмица, придружувани од своите наставници, денеска ја посетија Општина Струмица, каде се запознаа поблиску со работата на локалната самоуправа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Гостите ги пречека градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој на учениците им го претстави начинот на кој функционира Општината, надлежностите на локалната власт, како и дел од секојдневните обврски и активности на градоначалникот.

Основците покажаа големо интересирање за тоа како се носат одлуките важни за граѓаните, кои служби делуваат во рамки на општинската администрација, но и како може еден ден да се стане прв човек на општината. Градоначалникот Јанков со задоволство одговараше на нивните прашања и на разбирлив начин им ја доближи важноста на граѓанското учество и одговорноста што ја носи оваа функција.

Во рамки на посетата, учениците беа запознаени и со дел од плановите и идните проекти што Општина Струмица ги реализира и планира за подобрување на условите во нивното училиште, како и со активности насочени кон подобрување на квалитетот на живеење за младите во градот.

Од Општина Струмица истакнуваат дека ваквите посети се значајни за поттикнување на интересот на младите за локалната самоуправа и за нивно рано едуцирање за демократијата и институциите. Градоначалникот Јанков им се заблагодари на учениците за посетата, посакувајќи им да растат здрави, вредни и посветени на учењето, со верба дека токму меѓу нив се идните носители на одговорни функции во општеството.

  • Banner