Општина Василево, предводена од градоначалникот Славе Андонов, ги поканува жителите на општината и сите љубители на традиционалната кујна на манифестацијата „Ден на празот“, која ќе се одржи на 16 ноември 2025 година (недела) со почеток во 12 часот, во дворот на црквата „Св. Никола“ во селото Градошорци.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во разни специјалитети подготвени од праз, создадени со многу љубов и посветеност од вредните домаќинки од општина Василево. Организаторите истакнуваат дека токму во Градошорци се произведува еден од најквалитетните празови во регионот, по што селото е препознатливо.

За добрата атмосфера ќе се погрижи музичката група „Легато Бенд“, која со изведба на македонски песни дополнително ќе ја збогати празничната програма. Градоначалникот Андонов упатува јавна покана до сите граѓани да присуствуваат на оваа манифестација, да ја поддржат локалната традиција и заедно да го одбележат „Денот на празот“ во Градошорци.

























