strumica denes logo

Врнежлив викенд пред нас – дожд и повремено засилен ветер низ повеќе делови од земјата

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, од денес вечер до понеделник (10 ноември) следува период на променливо облачно и врнежливо време. Наместа се очекуваат поројни и пообилни врнежи од дожд, при што во текот на 24 часа може да наврне и над 30 литри на квадратен метар.

Во петок (07.11) времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи, пообилни во североисточните делови. Температурите ќе се движат од 4 до 10 степени минимална и од 12 до 18 степени максимална, со слаб до умерен јужен ветер.

Во сабота (08.11) се очекува претежно облачно време со локални врнежи од дожд, особено во источниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 5 и 11, а максималната од 10 до 16 степени.

Неделата (09.11) ќе донесе променливо облачно време со повремени локални врнежи и умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 5 до 12 степени минимална и од 13 до 19 степени максимална.

Иако врнежите ќе бидат најинтензивни во источните и североисточните делови, дожд ќе има речиси насекаде – викенд за чадор и топол напиток дома. ☕🌧️