На 24.10.2025 во 17:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода женско лице. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






















