Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Според прогнозите на метеоролозите, во среда на повеќе места ќе има локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови.
Од четврток времето ќе се стабилизира, а дневните температури постепено ќе бидат во пораст. Очекуваните максимални температури ќе се движат од 20 до 25 степени, што ќе донесе потопло и пријатно есенско време низ поголемиот дел од земјата.