Во недела, на 5 октомври, со почеток во 20:00 часот, пред влезот на Градскиот парк – на платото пред Споменикот на револуцијата, ќе се одржи голем народен собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Организаторите порачаа дека народниот собир ќе биде можност за сплотување и изразување на поддршката кон визијата за обновена и поуспешна општина. Според нив, поддршката од граѓаните претставува најголема чест, но и одговорност да се создаде локална заедница во која секој поединец ќе биде слушнат и вклучен во процесите на одлучување.
Со овој настан, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака дека е време за промени, нова енергија и силна мотивација да се врати општината во рацете на граѓаните.