Вечерва, со почеток во 20:30 часот, на градското корзо (поранешно Пеко) во Струмица ќе се одржи свеченото отворање на Граѓанската канцеларија на кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков.
Канцеларијата претставува отворен простор за средби со граѓаните, каде тие ќе можат директно да ги изразат своите идеи, предлози и потреби, како и да остварат контакт со кандидатите за советници во Општина Струмица.
Настанот ќе биде одбележан со пригодна свеченост, а свое обраќање ќе има и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
📅 Четврток, 2 октомври
📍 Градско корзо (поранешно Пеко)
🕣 Почеток: 20:30 часот